Средба на Стопанските комори со министерот Сараќини

  Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска оствари средба со првите луѓе на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Комората на Северо-Западна Македонија: Азески,  Алексов и Кучи, со цел да се направи заедничко заокружување на на достигнувањата во годината која изминува и да се претстават очекувањата и плановите за идната година на економски план за да се увидат потребите на бизнис секторот, од една страна, и плановите на Владата, од друга.

  Претседателот на комората на Северо-Западна Македонија г-дин Мендерес Кучи, истакна дека на оваа продуктивна средба, која преставува сублимат на сите претходни средби што ги имаат реализирано со Министерството за економија, беше заокружена заедничката меѓусебна соработка, од која произлегоа и конкретни резултати. „Се надеваме дека и понатаму ќе ја добиваме безрезервната подршка на ресорниот министер и за сите проекти и активности што ги планираме за 2014 година, посебно поддршката на приватниот бизнис сектор, кој е многу значаен за стопанството“, истакна Кучи.

  Според министерот Сараќини,  главни носители на економскиот раст во идната година ќе бидат капиталните инвестиции и извозните активности и се надева дека во 2014 година чекуваат да продолжат позитивните движења од 2013 година.