Средба меѓу СКСЗМ и Комората на Џеда за Економија и Индустрија.

  Делегацијата на Комората на Џеда за Економија и Индустрија од Саудиска Арабија ја предводеше, г-дин Батерјее, Мазен Мохамед I со неговите соработници.

  Претседателот на СКСЗМ, г-дин Мендерес Кучи, ги запозна гостите со општите социо-економски и политички услови во Македонија.

  Тој исто така ги информираше во врска со општите услови за инвестирање за странските компании, и околу бизнис климата во целина.

  Во текот на средбата, присутни беа членовите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, преставници на дваесет различни компании, кои го презентираа профилот на компаниите и нивната работа.

  Г-дин Батерјее изјави дека според тоа што го видел досега на својот пат кон Скопје, видел доволни услови и потенцијал за инвестирање. И верува дека двете комори ќе најдат заеднички интерес во различни области.

  На крајот на средбата, се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и Комората на Џеда за Економија и Индустрија.

 

Comments are closed.