Средба за диаспората
На 31 јули 2013 година (среда) се одржа средба за дијаспората. На средбата присуствуваа претставници од регионалните општини од Полошкиот регион, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија,Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион, ГИЗ РЕД и УСАИД – Проект за проширување на малите бизниси.
По успешно завршување на првата активност под иницијатива “Дијаспора инвестира”, во која беа вклучени организирање на две презентации во регионот, првиот ифтар во Тетово (вклучувајќи ги и општините Тетово, Теарце, Жељино, Боговиње, Брвеница и Јегуновце) и во Гостивар (вклучувајќи ги и општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша), на средбата одржана на 31 Jули 2013 се дискутираше за идните активности, исто така се дискутираше и за отворање на регионални канцеларии за информирање на дијаспората, со цел да се постигне уште поголем број на успешни инвестиции.
Comments are closed.