Средба во Амбасадата на Иран
Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија на 29 мај 2012 година, оствари средба со иранскиот амбасадор во Република Македонија. Овој прв состанок и сите други наредни состаноци ќе се користат за економска соработка, бидејќи и двете страни се заинтересирани за заедничка инвестиција меѓу нашите компании и компаниите од Иран, и се предложи потпишување на договор за соработка со Стопанската Комора на Иран.
На овој состанок, исто така, се разговараше за можностите за организирање на состаноци во Република Македонија и Иран, економски форуми, Б2Б средби, бидејќи СКСЗМ го смета Иран како земја со економски потенцијал.
Г-дин Аљиреза Сабзаљи, исто така, покажа голем интерес за соработка со нашата Комора, и нагласи дека Иран е подготвен за економска соработка со компаниите од нашата земја.
Амбасадата на Иран ни понуди соработка во областа на автомобилската индустрија, енергетиката, прехранбената, медицината, земјоделството и други, и предложи да се организира посета на 7-8 наши компании во Иран, со цел подобро да се информираат за можностите за соработка со компании од Иран.
Comments are closed.