Спаркс Форум 2024: Поттикнување на одржлив развој и регионална соработка во Западен Балкан
Спаркс Форумот 2024 е значаен настан за сите оние кои се посветени на одржлив развој и регионална соработка во Западен Балкан. Одржан под поддршка на UNMIK, овој форум ги обедини лидерите од различни области на политиката, бизнисот, образованието и граѓанското општество за да дискутираат и да формулираат стратегии за иднината.
Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Дурим Зекири, беше поканет како панелист на панелот со тема „Мир преку поврзување и развој“. Во својот говор, г-дин Зекири ја истакна важноста на добро инфраструктурно поврзување меѓу соседните земји како предуслов за соработка и економски развој. Тој истакна дека без силна и меѓусебно поврзана инфраструктура економскиот и трговскиот напредок помеѓу земјите на Западниот Балкан е невозможен.
Г-дин Зекири ја истакна и потребата за хармонизација на законодавството во регионот. „За да се олесни соработката и да се создаде заеднички пазар, од суштинско значење е нашите земји да ги усогласат своите законодавства“, што ќе овозможи полесна трговска размена и ќе ги елиминира пречките кои во моментов го спречуваат развојот на заеднички и интегриран пазар.
Извршниот директор разговараше и за важноста на трговската размена и размената на работната сила. Тој нагласи дека отворениот пазар и зајакнувањето на слободното движење на работната сила ќе доведат до побрз економски раст и значително подобрување на благосостојбата на граѓаните во целиот регион.
Исто така, на панел беше и претседателот на Сеалбанскиот Економски Форум , г-дин. Нагиб Фејзи, кој во неговиот збор истакна дека енергиите треба да се насочат кон помладите генерации, менторирање и поддршка за нивно надминување на бариерите кои ја попречуваат регионалната соработка.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е клучен актер во унапредување на економската соработка и создавање можности за проширување и развој на локалните бизниси. Преку своите активности, Комората може да помогне во намалувањето на трговските бариери и создавање поволна средина за регионален економски развој.