Со цел проширување на перспективата за трговска размена, СКСЗМ е домаќин на средбата со амбасадорот на Ангола

08.06.2023, Скопје, од страна на раководството на СКСЗМ, на работен состанок беше пречекан Н.Е. амбасадорот на Ангола, г-дин Хозе Филипе. Тема на дискусија беше презентацијата на можностите за економска соработка, особено во секторите за кои двете земји имаат поголем капацитет да извезуваат меѓусебно, со цел дополнително збогатување на понудата на соодветните пазари.

Ангола е голем пазар од над 35 милиони жители, но исто така е дел од Заедницата за развој на Јужна Африка, каде што претставува пазар од над 400 милиони жители.

Амбасадорот Филипе изрази подготвеност да иницира соработка во периодот што следи, преку воспоставување билатерални економски односи со Северна Македонија преку соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.