Со Куманово заврши Караванот на СКСЗМ
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, имаше средба со компаниите од регионот на Општина Куманово, и со ова заврши и Караванот на СКСЗМ.
Средбата ја отвори Претседателот на Комората, г-дин Мендерес Кучи, кој уште еднаш ја истакна важноста на нашите членови кои овозможија СКСЗМ да биде релевантен фактор и со влијание во Република Македонија и на регионот.
Презентацијата на резултатите за 2012 и плановите за 2013 на СКСЗМ ги направи Извршниот заменик-директор, г-дин Арбен Халили . Исто така, се дискутираше и околу можностите на соработка со општините и потпишаните меморандуми со нив, со меѓународните и домашните компании, бидејќи Комората верува во потенцијалот на локалните и регионалните компании.
На крајот, се дискутираше околу различните проблеми со кои се соочуваат нашите компании во текот на реализација на нивниот бизнис, преку размена на искуства и предлози за нивниот избор.
Во текот на ова посета во Општина на Куманово, исто така се реализираше и една средба со градоначалникот г-дин Зоран Дамјановски, тема на дискусија беше соработката и подршката на општината за активностите на СКСЗМ и проблемите на претпријатијата кои оперират во овој регион. Градоначалникот наведе дека со целиот капацитет на општината ќе ги подржи активностите на комората и нејзините членки.
Караванот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, кој оваа година се одржа по вторпат, во мај 2013, имаше за цел информирање и сензибилизација на членовите од бизнисите на Комората и на другите потенцијални бизниси да станат членки, без оглед на нивната етничка припадност, затоа што ова институција го штити и промовира бизнисот на сите нивоа, во земјата и во странство.
Во рамките на Караванот, се посетија различни градови од Северо-Западна Македонија, и тоа почнувајки од Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Скопје, Кичево , Струга, Охрид и заврши со Куманово.
Comments are closed.