Состанок со компании од Тетово
Средбата се одржа во конференциска сала на Универзитетот на Југо-Источна Европа, со почеток во 10:30, каде што беа присутни претставници на компании од регионот на Тетово и на вработените во Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, заедно со г-дин Мендерес Кучи.
По презентација на работата од страна на Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин. Фатмир Битиќи, исто така, беше презентиран и проектот на УСАИД, “Поттикнување на инвестиции и поддршка на извозот”, презентација и евалуација за производство на мебел во Полошкиот регион, од страна на г-дин. Арбен Халили.
Потоа, тие разговараа во врска со разни прашања кои се важни за компаниите во регионот, како и за предложените опции за нивното решавање.
На овој состанок беа присутни претставници на банки, осигурителни компании, образовни институции и други. Состанокот беше заклучен со презентација на загриженоста на компаниите и на нивните потреби за услуги од страна на СКСЗМ.
Comments are closed.