Состанок со компании од Струга

     Средбата се одржа во Ројал ресторанот, со почеток во 10:30, каде беа присутни претставници на компании од регионот на Струга, претседателот г-дин Мендерес Кучи  заедно со кадарот на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија.

    На овој состанок, со цел запознавање на компаниите со работата на СКСЗМ, се презентираше годишниот извештај на СКСЗМ и стратегијата за работата во иднина.

     Состанокот беше завршен со дискусија за различни прашања кои ги загрижуваат нашите компании, каде што сите имаа можност да разменат мислења и да предложат различни решениа за проблемите со кои се соочуваат компаниите во регионот во нивната работа.

СКСЗМ вакви средби планира да има и во другите градови.

Comments are closed.