Состанок со компании од Куманово

      Средбата се одржа во Тетовскиот Универзитет – Куманово, со почеток во 11:00 часот, заедно со претставници на компании и Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, со претседателот г-дин. Мендерес Kучи, кој ги поздрави присутните и им посака на компаниите организацијата која ги собира бизнисите да се прошири уште повеќе со цел за промоција и развој на бизнисот во Македонија.

    Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин. Фатмир Битиќи ги информираше присутните за работата и достигнувањата на Комората, и идните планови на оваа комора, додавајќи дека по 7-годишна активност, СКСЗМ е рамноправен партнер со другите стопански комори во Македонија и во странство.
     Според него, СКСЗМ планира во иднина дури и посеопфатни проекти, проширување на областите на промоција, проширување на дебатата со владините институции и други институции.

Comments are closed.