Состанок со компании од Кичево

    Средбата се одржа во Арабела ресторанот, со почеток во 11:00 часот, каде беа присутни претставници на компании од регионот на Кичевопретседателот г-дин Мендерес Кучи заедно со кадарот на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија.

      На овој состанок, со цел запознавање на компаниите со работата на СКСЗМ, се презентираше годишниот извештај на СКСЗМ и стратегијата за работата во иднина.

   Состанокот беше завршен со дискусија за различни прашања кои ги загрижуваатнашите компании, каде што сите имаа можност да разменат мислења и да предложатразлични решениа за проблемите со кои се соочуваат компаниите во регионот во нивната работа.

СКСЗМ вакви средби планира да има и во другите градови, наредната средба е во Дебар на 06 Јули 2012 година.