Состанок со компании од Дебар
Средбата се одржа во Домот на културата, со почеток во 11:00 часот, каде беа присутни претставници на компании од регионот на Дебар и кадарот на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија.
На овој состанок, со цел запознавање на компаниите со работата на СКСЗМ , се презентираше годишниот извештај на СКСЗМ, и стратегијата за работата во иднина.
Состанокот беше завршен со дискусија за различни прашања кои ги загрижуваат нашите компании, како проблемот со нотарите и хипотеките, предлог законот за сметководителите и други, каде што сите имаа можност да разменат мислења и да предложатразлични решениа за проблемите со кои се соочуваат компаниите во регионот во нивната работа.
СКСЗМ вакви средби планира да има и во другите градови, наредната средба е во Гостивар на 10 Јули 2012 година.
Comments are closed.