Состанок со ИВЗ и министерот г-дин. Ваљон Сараќини

  Средбата се одржа меѓу претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија г-дин Мендерес Кучи, претседателот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема г-дин. Сулејман еф. Реџепи и министерот за економија, г-дин Ваљон Сараќини.
       Тема на дискусија на овој состанок беа Халал стандардите, кои на овој начин ќе успеат да освојат многу поголем пазар на Блискиот Исток.

  Тие истотака разговараа за можноста за формирање на институт од страна на ИВЗ, кој ќе обезбеди Халал сертификати во различни области, како што се: храна, лекови, козметика, облека и други, и да се олесни постапката за добивање на сертификатот, кој во моментов може да се добие само во Босна и Херцеговина.
    Халал систем е систем кој е прифатен не само од страна на муслиманите, туку и од целиот свет, на пазарот за халал систем во 2011 година имаше промет од 900 милијарди американски долари, и овој систем промовира здрава храна и не-канцерогени производи.
       На овој состанок беше констатирано кои институции ќе дејствуваат во својата област, и СКСЗМ ќе овозможи организирање на семинари на кои ќе се презентираат важноста и протокот на постапката за добивање Халал систем, како можност да го прошират својот извозен пазар.

Comments are closed.