Состанок на Управниот Одбор
Присутни беа членови на Управниот Одбор: Нагип Фејзи, Менди Ќира, Назми Ејупи, Фатмир Етеми, Нури Мемети, Арбен Халили, Салим Хасани, Мендерес Кучи, Ариф Нуредини и Реџаил Мустафи. Од Надзорниот Одбор, присутни беа: Енвер Малиќи, Арсим Папранику и Муса Рамани.
Овој состанок имаше повеќе консултативен карактер, поврзани со тековните ативности на Комората, како и настаните кои се очекуваат да се одржат во блиска иднина: Традиционалната ифтарска вечер, Каталогот ТОП 100 и Прославата на 10 годишнината.
Управниот и Надзорниот Одбор дискутираше и за промена на котизацијата за членарина, односно за поделба на членарината на неколку нивоа, следејќи го примерот како функционираат и другите Комори од регионот и пошироко. Се очекува во наредниот состанок, професионалниот тим на Комората да елаборира за конкретните услуги кои им ги нуди на членството, а врз основа на тоа и котизацијата.
Управниот Одбор одлучи 10 годишнината да се одржи на ист датум со промоцијата на Каталогот ТОП 100.
Comments are closed.