Состанок на Управниот и Надзорниот Одбор на СКСЗМ

Присутни на состанок беа членовите на Управниот и Надзорниот одбор и претседавачот на состанокот, Претседателот на СКСЗМ, Мендерес Кучи. 

Точките на дневниот ред беа следни:

1. Извештајот на Комисија за организирање на изборите во СКСЗМ;
2. Одредување на датумот на одржување на Собранието;
3. Финансиските извештаи на СКСЗМ;
4. Работниот однос на Извршниот директор;
5. Друго;

Во рамките на дневен ред и дискусиите околу точките на дневниот ред, Управниот одбор ги донесе следните одлуки:

1. Членовите на СКСЗМ кои нема да платат членарина, а се предложени за делегати, до последните два дена пред одржувањето на Собранието,  ќе го губат правото на учество и улогата на делегат;
2. Собранието ќе се одржи на 9 мај 2015 година.
3. Финансискиот извештај подготвен од стручниот кадар на СКСЗМ, беше одобрен и изгласен со мнозинство.
4. Околу работниот однос на извршниот директор, беше одлучено да биде средено со редовен работен договор и полно работно време.

Комисијата за органиѕирање на изборите во СКСЗМ, ќе одржи уште една седница, два дена пред Собранието, со цел ревидирање на плаќањата на членарина на делегатите и други можни промени.

Comments are closed.