Соработка помеѓу СКСЗМ и Универзитетите за да се бори недостиготот на работната сила во земјата
Скопје, 28.03.2024 – На тркалезната маса „Образование за вработување“ организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, претставници на академската заедница и бизнис заедницата се сретнаа да разговараат за изнаоѓање решенија за предизвиците со кои се соочува нашата економија, вклучувајќи и проблемите со иселувањето на работна сила и мерките за подобрување на координација помеѓу високото образование и пазарот на труд.
Претседателот Qyra истакна дека СКСЗМ има преземено мерки за решавање на проблемот на иселувањето на младите од земјата и недостатокот на работната сила, создавајќи платформа, која стратешки ќе придонесе на решавањето на проблемот со работната сила. Г-дин. Qyra истакна дека СКСЗМ побара од идната Влада зголемувње на минималната плата на 30.000 денари и намалување на придонесите на 32% од нето платата, за да бидеме поконкурентни на пазарот и да не ја изгубиме битката со земјите од регионот.
Со недостиг од околу 25.000 слободни работни места во Северна Македонија и 100.000 луѓе кои бараат работа, време е за поефикасен пристап кон овој предизвик со инсистирање стручното образование да се прилагоди на потребите на пазарот на труд.
Ректорот на Универзитетот, г-дин. Изет Зеќири, пред студентите ги презентираше профилите за актуелните барања на пазарот на труд, нудејќи јасен преглед на можностите и потребите на пазарот.
Претседателот Qyra повика да се преземат мерки заедно со образовните и владините институции, Агенцијата за вработување на РСМ и сите релевантни фактори за да се запре оваа појава и да се создаде нова перспектива за младите да ја гледаат својата иднина во нашата земја.