Соработка наместо бариери – СИТЕЛ

Бизнисот бара наместо бариери, регионот да се стреми кон продлабочување на меѓусебната соработка, особено во делот на трговската размена. Со цел бизнисот да не трпи штети, очекуваат покоректен пристап и од Македонија, но и од Косово, во врска со забраните за увоз, без разлика на причината поради која што се донесени.

“Немаме направено некаква анализа, ама се надеваме дека нема да има потреба и дека ќе владее разумот од двете страни со цел да немаме слични ситуации во иднина. И двете држави треба да гледаат кон економијата со заеднички интерес и со меѓусебно разбирање. Спомнав дека секоја мерка што ќе се преземе од страна на Владата треба благовремено да се известуваат бизнисите со цел да не трпат. Секако, ние се спремаме кон ЕУ и правилата треба да бидаат униформни, во духот на спогодбата на ЦЕФТА”, објаснува Исени.

За повеќе прочитајте во наведениот линк: https://sitel.com.mk/biznisot-bara-razumni-chekori-pri-nosenjeto-odluki-za-zabrani-za-uvoz?fbclid=IwAR0hY5uTT_owrLPJkC8cMGTPXa-OEgnyEucI71S3LWybYlQmngrCi-aWohw