СООПШТЕНИЕ
Почитувани членки на СКСЗМ,
Ве известуваме дека СКСЗМ како институција која ги штити интересите на бизнисот и на нејзиното членство, има доставено жалба до Уставниот Суд за Законот за Данок на Солидарност, имајќи предвид дека истиот е противуставен, дестимулативен и не е принципиелен.
Нашите оценувања се дека во овој случај, правната држава ќе излезе на виделина докажувајќи дека нашата земја е соодветна за водење бизнис, и дека правната сигурност е во повисоко ниво од колку се претпоставува.
СКСЗМ продолжува да поттикнува економскиот раст и развој на земјата, како и ја охрабрува борбата против сивата економија како предуслов за креирање соодветна клима за бизнис.