Соопштение
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како институција чија мисија е заштита и унапредување на бизнисите, но и на стопанството воопшто, секогаш апелира дека мерките преземени од Владата и надлежните институции треба да се базираат на анализа и детално прогнозирање на ризиците кои може да ги донесуваат истите.
Таков беше случајот со континуираното замрзнување на цените на десетици производи, што на крајот докажа дека оваа мерка не го постигна очекуваниот и прокламираниот ефект. Врз основа на изјавата на гувернерката на Народната банка, г-ѓа Анита Ангеловска Бежоска, инфлацијата достигна 9,5%, што сведочи за тоа дека преземената мерка не ги донесе очекуваните ефекти, додека бизнисите, особено производителите и трговците, се оштетени, а од друга страна, граѓаните и понатаму остануваат незаштитени од инфлацијата.
Сметаме дека овие мерки не се адекватни за намалување на инфлацијата, затоа треба да се преземат алтернативни мерки и во иднина да се прекинат практиките на институциите за не консултација со стопанските комори при преземањето на истите.