СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ: Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија се спротивставува на Предлог Законот за данок за солидарност. Го смета за неуставен и казнен

20.07.2023, Скопје – Со оглед на тоа што последователните кризи силно го погодија бизнис секторот и како резултат на тоа целиот економски екосистем на земјата претрпе значителен пад, со појавата на предлог Законот за данокот за солидарност, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го крева гласот против воведувањето на закони кои ги “казнуваат” планирањата и тековите на развојот на бизнисот.

Противставувањето кон оваа иницијатива е принципиелна, бидејќи СКСЗМ цени дека ова ќе ги дестимулира компаниите да инвестираат и да се развиваат, бидејќи во случај на пораст на приходите и нето добивка, тие ќе бидат казнети. Исто така, ова е јасен негативен показател за не-развиена економска владеење од страна на власта, бидејќи ова ги дестимулира инвестициите, особено оние на домашните компании, без разлика дали истите се етаблирани или потенцијални компании.

Покрај сите компликации што може да ги донесе ова, како во краткорочна така и во долгорочна перспектива, “казнувањето” на успешни компании ретроaктивно покажува дека ниту една компанија не е сигурна и, воедно, е во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија, член 52, став 4, кој вели дека “Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните”.

Правната или економската сигурност на домашните компании или странските инвеститори во голема мера зависи од способноста на институциите да изнајдат правични и разумни решенија во време на криза, а „казнувањето“ на успешните компании не треба да дојде како последица на лошото управување со кризи со цел товарот да не падне врз грбот на бизнисите кои се уште не можат да се закрепнат од последователните кризи.