Создавање на зелена економија: СКСЗМ им помага на бизнисите да го намалат отпадот
Во обид да ги подобри и унапреди практиките за одржливост и управувањето со отпадот, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија започна со индивидуално менторство за некои од своите компании членки, избрани преку јавен повик.
Оваа програма за обука, поделена во осум модули, има за цел да им помогне на компаниите да го намалат отпадот од извор до депонирање, вклучувајќи рециклирање и повторна употреба на производи и компоненти кои штедат енергија.
Досега, обуката е успешно имплементирана кај компаниите: Кондево МК, Пурпласт, Фрукт импорт, Бентон-ни, М-Сора, БФМ и М-Хаус, кои претставуваат различни сектори и градови од Северна Македонија. За пет од нив, кои создаваат поголеми количества отпад, ќе се развијат кратки планови за управување со отпад, вклучувајќи стратегии за управување со отпад и системи за мониторинг.
СКСЗМ е посветена кон поддршката на своите членови во спроведувањето на поуспешно управување со отпадот и придонесот за заштита на животната средина преку обезбедување на поодржлива и почиста иднина за сите.
Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Консалтинг за Стратешки Развој.