Собрание
Собранието на Комората е највисоко раководно тело на Комората, предвидено со Статутот на Комората. Собранието има 65 претставници (членови) кои ги претставуваат градовите пропорционално според бројот на членови во секој град:
- Скопје – 15 членови,
Тетово – 15 членови,
Гостивар – 10 членови,
Куманово – 10 членови,
Кичево – 4 членови,
Струга – 6 членови,
Дебар – 3 членови,
Охрид – 1 член,
Битола – 1 член.
Претставниците (членовите) во Собранието се избираат за период од четири години со можност за повторен избор.
Назми Ејупи – Претседател на Собранието на СКСЗМ
Ќаније Селими – Потпретседател на Собранието на СКСЗМ