Слободната економска зона во Тетово
Во рок од три месеци ќе се знае кој ќе управува со економската област во Тетово. Ова беше објавено од страна на шефот на индустриска-технолошката развојна зона, Виктор Мизо. Тој вели дека за три недели двете сериозни компании, една турска и една Норвешка, ќе бидат поканети да учествуваат во завршната фаза на тендерот. Тогаш ќе имаат 40 дена за да ги разгледаат понудите. За разлика од Мизо, министерот за економија Ваљон Сараќини е повнимателен. Тој очекува дека, дури во есен ќе се знае кој ќе биде приватниот партнер на државата во економско управување во областа на Тетово.
Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, не верува дека до крајот на годината ќе почне да се гради во слободната економска зона во Тетово.
“Се чувствуваме потполно оставени настрана од сите дефилации на Владата, ние сметаме дека без поголеми вклучување на нашата Стопанската комора во економскиот развој како Комора, исходот од овие “Road Show” да биде многу мал”, рече Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗМ.
Компанија која ќе го преземе управувањето со слободната економска зона во Тетово, по принципот на јавно-приватни партнерства, може однапред да изгради објекти и понуди за продажба или наемнина на потенцијалните инвеститори. Во првата фаза се планира изградба на 30 објекти и отварање на 7000 нови работни места, и сето ова ќе чини околу 300 милиони евра.
Comments are closed.