Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ ги завршува индивидуалните обуки за компаниите членки за управување со отпад

СКСЗМ ги завршува индивидуалните обуки за компаниите членки за управување со отпад

СКСЗМ ги завршува индивидуалните обуки за компаниите членки за управување со отпад

Во своите напори да ја унапреди одржливоста на компаниите и управувањето со отпадот, СКСЗМ успешно ги заврши индивидуалните обуки за своите компании-членки.

Оваа програма за обука, има за цел да им помогне на компаниите да го минимизираат отпадот во секоја фаза, од создавање до елиминирање. Обуките вклучуваат напредни стратегии за рециклирање и реупотреба на производите и компонентите, а истовремено промовираат заштеда на енергијата и другите ресурси.

Компаниите Almero, Multipark Izairi и Vezе Sharri се последните компании вклучени во менторската програма на СКСЗМ за подобрување на нивните практики за отпад, кои работат во различни сектори и генерираат значителни количини отпад.

СКСЗМ останува посветена на поддршката на своите членки во спроведувањето на најдобрите практики за управување со отпад. Целта е значително подобрување на еколошките перформанси на компаниите и опиплив придонес во заштитата на нашата планета.

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија има за цел да постави високи стандарди во областа на управувањето со отпад и да промовира одржлив и еколошки пристап во бизнис заедницата.

Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од USAID North Macedonia и имплементиран од Strategic Development Consulting.