СКСЗМ учествува на Форумот на Светска банка во Виена

28-29.05.2024, Виена, Австрија – Се одржа состанокот организиран од Центарот за реформи во финансиското известување (CFRR), Глобални практики на управување во Светска банка на тема „Одговор на новите барања и предизвици во финансиското известување и корпоративната одржливост” (“Responding to New Requirements and Challenges in Corporate Financial and Sustainability Reporting)”.

Претставник од СКСЗМ беше потпретседателот на Надзорниот одбор, г-дин. Арбен Халили, а имаше и други претставници од 11 земји од Балканот и од Источна Европа. Овој состанок имаше за цел да одговори на предизвиците на финансиското известување и корпоративната одржливост во регионот.

Финансиски и нефинансиски предизвици за корпоративно известување, заедно со зголемениот фокус на известувањето за одржливост и улогата на вештачката интелигенција, беа клучни точки на дискусија на состанокот. Присуството на вештачка интелигенција во процесот на финансиско известување и ревизија може да влијае на политичките одлуки, барајќи правна рамка компатибилна со меѓународните стандарди.

Овој состанок доаѓа во време кога земјите како Албанија, Северна Македонија, Косово и други доживуваат различни предизвици во развојот и имплементацијата на добри практики во финансиското известување. Присуството на претставници од овие земји помага да се одредат чекорите потребни за справување со овие предизвици и да се помогне во унапредувањето на нивните финансиски системи и системи за известување.