СКСЗМ ја промовираше Групацијата на жени претпримачи
Стопанска Комора на Северозападна Македонија во последниот состанок на одборот, одлучи да се направат неколку измени во статутот, со кои измени ќе се овозможи да се формират групации кои ќе можат да функционират во рамки на СКСЗМ. Последователно, во мај се формираше Групацијата на жени претприемачи, која денеска беше свечено промовирана. На истиот ден се промовираше и книгата ’’Страста на бизнисот’’ , со оглед на тоа дека ова книга се содржани 57 успешни приказни на жени претпримачи.
На настанот присутни беа г-дин.Мендерес Кучи, претседател на СКСЗМ, г-ѓа.Велентина Дисоска, претседател на асосијацијата на жени претпримачи, жени менаџери на разни бизниси, членки на групацијата и др.
Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи во неговото обраќање истакна дека жената веќе има докажано дека е добар претпримач, она нејзините менаџерски способности ги има докажано управувајќи совршено со фамилјата, така што она е способна да управува и води бизнис. Исто така, претседателот истакна дека ако европските земји ова го сфатиле многу порано и се чекор напред од нас, ова не значи дека ние заостануваме многу, бидејќи и кај нас можат да се најдат примери и инициативи на успешни бизниси и кои котираат добро на пазарот и се управувани токму од жени.
Претседателката на ново формираната групација г-ѓа. Гзиме Фејзи, како успешна бизнис жена во нашата земја и пошироко, се обрати на настанот и кажа дека промоцијата на претпримеништвото на жената ја зајакнува улогата на постоечките бизниси управувани од жени, но истовремено се поттикнува и креирањето и отварањето на нови бизниси. Претприемачкиот потенцијал на жената е еден од најнеискористени ресурси за создавање на економски раст и отварање на нови работни места. Време е веќе овој ресурс да го искористиме и да не дозволуваме тешкотии за пристап до капитал и средства да се причина за да се повлечиме и да не развиваме идеи и способности.
Од друга страна г-ѓа.Нини Мано, новинар за економски прашања пред нас ја презентираше на кратко книгата ’’Страста на бизнисот’’ збогатувајќи не со 57 успешни приказни на жени претпримачи од нивните почетоци до нивните врвови на кариера. Авторката, заедно со други новинарки има вложено труд да направи еден збир на приказни во една книга, и да ги промовира вредностите на успешните жени, со цел да се пренесе силната порката дека секој кој има идеја и работи, може да создаде голем и успешен бизнис.
Настанот беше придружен на крај со коктел, на кој гостинките од Албанија имаа можност да разменат идеи и искуства, што остава да се надеваме за формирање на пошироки групации во иднина.
Comments are closed.