„СКСЗМ ја продолжува традицијата на Традиционалната Ифтарска Софра во Светиот месец на Рамазан во 2024 година“

18.03.2024, Скопје – СКСЗМ ги пречека гостите на Ифтарска Софра, еден традиционален активност, што редовно се организира за време на светиот месец Рамазан. Освен членовите на СКСЗМ, во оваа активност учествуваа значајни личности од државата, меѓу кои и премиерот на Република Северна Македонија, г-дин. Талат Џафери, Министри, градоначалници на општините, претставници на политички партии, Амбасадори, претставници на локални и регионални Стопански комори, од институции и гости од регионот.

Во својот говор, претседателот на СКСЗМ, г-дин. Mendi Qyra ја пренесе пораката за поттикнување на толеранцијата, благодарноста и соработката во овој свет месец Рамазан. „Традиционалниот Ифтар што го организираме за нашата заедница ги гледа сите обединети на едно место и време, рефлектирајќи вредностите на толеранција, хуманост и хармонија“.

„Во овој свет месец, да изградиме силни релации, оставајќи ги поплаките зад себе и промовирајќи љубезност и соработка како основни вредности на соживотот. Сите ние имаме должност да ги заштитиме и пренесеме овие вредности на нашите колеги, позитивно влијаејќи на создавање хармонија во нашата земја која ја гледаме како наша иднина и на нашите потомци.

Овој настан на традиционалниот Ифтар на СКСЗМ е еден од најголемите настани за деловно вмрежување во земјата и е втор традиционален настан на СКСЗМ, по настанот Топ 100™.