СКСЗМ ја пречека делегацијата од Трговско-индустриската комора на Маниса, Турција
01.09.2022, Скопје – Потпретседателите Салим Хасани, Влора Адеми, Ејуп Абдулахи како и претставници од извршната канцеларија на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија ги пречекаа на средба претставниците на Трговско-индустриската Комора на Маниса – Турција.
Целта на средбата беше продлабочување на соработката меѓу бизнисите од Северна Македонија и Турција, интензивирање на трговската размена како и можностите за инвестиции во Република Северна Македонија.
Промоцијата и поврзувањето на бизнисите-членки и понатаму останува еден од приоритетите на работата на СКСЗМ, која има за цел раст и развој на локалните бизниси, кон понапредна конкурентност.