СКСЗМ ја претставува 4-годишната платформа за економски развој, во фокус работната сила, зголемување на минимална плата на 30,0000 ден и намалување на придонесите на 32% од нето плата

Претседателот на СКСЗМ г-дин Qyra, заедно со членовите на раководството на Комората, одржа средба со претставници на политичката партија Демократска Унија за Интеграција, односно г-дин Бујар Османи, г-дин Фатмир Бесими и г-дин Крешник Бектеши, во која беше претставена Платформата за економски развој на Северна Македонија, стратешка платформа на СКСЗМ која ќе треба да ја спроведе идната влада.

Меѓу другото беше претставен и Економскиот манифест за забрзан развој, кој како документ предвидува реформи но и визија каде треба да биде економијата и нашата држава воопшто во следните 10 години.

Претседателот Qyra го потенцираше и проблемот со работната сила, проблем кој СКСЗМ убедливо го нарекува како алармантен феномен за нашата земја и дека итно треба да се преземат мерки за да се запре иселувањето на младите од државата, потенцирајќи го барањето на Комората за зголемување на минимална плата и намалување на придонесите, бидејќи сме не конкурентни со земјите од регионот. Тој го претстави концептот на СКСЗМ за намалување на придонесите на 32% од нето платата и зголемување на минималната плата на 30,000 денари, како предуслов за подобрување на животниот стандард на граѓаните, со што се бори и миграцијата како појава која зафати.

Збор зеде и извршниот директор г-дин Зекири, каде што ја изрази загриженоста на СКСЗМ во однос на работната сила, поточно недостатоците на системот на земјата, каде што агенцијата за вработување на РСМ треба да се реконструира како концепт, бидејќи над 100.000 активни баратели на работа не можат да ја исполнат потребата од приватниот сектор за 20.000 вработени. Тој додаде дека ова е релевантен показател колку злоупотреби се случуваат кај нас, а истите предизвикуваат големи загуби на стопанството и државната каса.

Се разговараше и за различни прашања, како зелените економски зони, Економската Зона Визбегово и нивното претворање во области од национален интерес, даноците, царинските стапки, повратот на ДДВ, Фондот за иновации и технолошки развој, инвестициите итн.

Претставниците на ДУИ се обврзаа нашите барања да бидат разгледани и ставени на нивната 4-годишна платформа, а во меѓувреме, министерот Бектеши дури и пред медиумите ги истакна благородните иницијативи на СКСЗМ кои имаат за цел да го подобрат животот на граѓаните, иако овие иницијативи ќе паѓаат на рамениците на бизнисите, секако доколку се прифаќат барањето за намалување на придонесите.

СКСЗМ ја продолжува својата традиција на составување макроекономски политики, а сега истите се прифатени од релевантните политички фактори во земјата.

Потсетуваме,  платформата на СКСЗМ за економски развој предвидува 9 поглавја од различни сектори, каде што секој од нив се третираа со проблеми или дава современи решенија за промовирање брза и конкурентна економија.