СКСЗМ ја претстави својата платформа за економски развој пред Алијансата за Албанците
28 Ноември 2016 – На денешната средба со Алијансата за Албанците, Стопанската Комора на Северо-Западна ја презентираше својата платформа за економски развој.
СКСЗМ бара политичките партии да се ангажираат за развојот на бизнисот и економијата, односно прифаќање на предложените мерки на Комората. Една од предложените мерки е и зголемување на прагот за инвестирање во помалку развиените региони од 1% од БДП, на најмалку 2 до 2.5% од БДП, како итна мерка само за наредните 5 години, земајќи го во предвид сегашното ниво на инвестирање е отприлика 0.03% од БДП. Комората бара неселективна примена на законите, особено оние во полза на развојот на бизнисот, п.р. Законот за рамномерен регионален развој на Република Македонија и поттикнување на малите и средните бизниси преку стимулирање на претприемништвото во руралните средини како и преку промоција на жените во бизнисот. Странските директни инвестиции да се насочуваат рамномерно во сите зони во Република Македонија со цел рамномерен економкси раст на сите плнаски региони на државата. Барањата на бизнисмените од СКСЗМ до политичките партии, воеднаш и до Алијансата за Албанците се: транспарентност и отчетност, намалување на нееднаквоста во регионалниот развој, напуштање на митот за евтина работна сила, нови мерки за зголемување на вработеноста, подготвување на економска платформа за одржлив економски развој и сериозен ангажман за зголемување на растот на БДП над 4 %.
Во делот на развојот на бизнисот, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, има свои видувања и предлага мерки во делот на измена на правната регулатива, мерки за поддршка на малите и средните претпријатија, претприемништво со посебен фокус кај жените и младите претприемачи во руралните средини, даночни олеснувања и подршка за дијаспората како потенциал за развој на земјава.
- Како мерка за поддршка на претприемништвото, Комората предлага обезбедување на фондови за „старт-ап„ кои ќе подржат основање на „бизнис инкубаторите„ од државниот буџет и од надворешните фондови, како и обезбедување на дополнителни средства во форма на грантови за start-up бизниси.
Платформата на СКСЗМ за економски развој на Македонија вклучува и реформи на:
- јавните и државните институции;
- јавни финансии;
- вработување;
- развојот на бизнисот;
- правната регулатива;
- мали и средни претпријатија;
- претприемништво;
- даноци;
- алтернативни фондови за финансирање на бизнис;
- технолошките индустриски развојни зони;
- инфрасктруктурата и енергетика;
- земјоделство,
- развој на туризмот и други.
Comments are closed.