СКСЗМ ја презентираше економската платфрома пред СДСМ

24 Ноември 2016  – На консултативните состаноци што Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги спроведе со претставниците на политичките партии за својата економска платформа, се идентификуваа политиките насочени кон решавање на економските проблеми во земјата. Имајќи го предвид ова, СКСЗМ подготви неопходни мерки кои што треба да се спроведат со цел одржлив економски раст и подобрување на бизнис климата, кои што претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа денес ги презентираше пред претставниците на СДСМ.

Предизвиците со кои се соочува деловниот сектор се бројни.  СКСЗМ  како релевантен  актер во областа на економскиот развој се обидува за долгорочно решение на проблемите, односно прифаќање на предложените мерки. Барањата на бизнисмените од СКСЗМ до политичките партии, воеднаш и до СДСМ се:

  • транспарентност и отчетност;
  • намалување на нееднаквоста во регионалниот развој;
  • напуштање на митот за евтина работна сила;
  • нови мерки за зголемување на вработеноста;
  • подготвување на економска  платформа за одржлив економски развој и
  •  сериозен ангажман за зголемување на растот на БДП над 4 %

Платформата на СКСЗМ за економски развој вклучува голем број на барања кои гарантираат раст, економска стабилност и инвестиции. Тие бараат политичките партии да ги стават на прво место реалните проблеми со кои се соочува бизнис заедницата.

Платформата на СКСЗМ за економски развој на Македонија вклучува реформи на јавните и државните институции, јавни финансии, вработување, развојот на бизнисот, правната регулатива, мали и средни претпријатија, претприемништво, даноци, алтернативни фондови за финансирање на бизнис, технолошките индустриски развојни зони, инфрасктруктурата, енергетика, земјоделство, развој на туризмот и други.

photo-1

photo-3

photo-4

photo-6

Comments are closed.