СКСЗМ ја зајакнува позицијата на жената во бизнисот
Групацијата на бизнис жени при Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, ја организираа Конференција за 8 Март на тема „ Улогата на жената во општеството и бизнисот.„
Конференцијата се фокусираше на улогата на жената во општеството и бизнисот и беше одлична можност да се разговара и да се споделат перспективите за зајакнување на жените во двете полиња.
Претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќура, Извршниот директор г. Дриљон Исени и Професорот на УЈИЕ, г. Веланд Рамадани, преку својот говор на конференцијата, се задржаа на важноста на улогата на жената во општеството и бизнисот, нагласувајќи дека жената е столбот на општеството и дека нејзиното зајакнување е важно не само од социјалниот аспект, туку и за економскиот развој на земјата.
Панелистите Ќаније Селими, Шенај Хаџимустафа, Нора Калиќи и Асибе Туша беа од областа на бизнисот, новинарството, модата и академскиот свет, кои ги споделија своите перспективи и искуства за улогата на жената во различни области од животот. Исто така, беа дадени предлози за понатамошни чекори за зајакнување на жените во општеството и бизнисот, вклучително и помош за развивање на нивните вештини и промовирање на родовата еднаквост во различни области од животот.
Оваа конференција беше пример за посветеноста на Комората за поддршка на жените во бизнисот и промовирање на нивното значење во општеството.