СКСЗМ учествува на Саемот на корисници на грантови во Тирана

Овој настан се одржа со цел презентирање на резултатите на реализираните проекти во рамки на прекуграничната програма ИПА пред членовите на KPM, Делегацијата на Европската унија, оперативните структури на двете земји кои се одговорни за спроведување на оваа програма и другите претставници од сите заинтересирани страни од двете земји кориснички (министерства, општини, регионални центри, итн.). 

Учеството на овој настан беше голема можност како нас како добитници на грантовите, и да ги презентираме резултатите од проектите кои се веќе завршени, делењето искуства со другите учесници на Саемот, како и за промовирање на нашата институција.

Присутни на овој настан беа и високи државни претставници од двете страни на границата, кои одржаа говори, како што се: Клајда Ѓоша – Министерка за европска интеграција на Албанија, Лирим Шабани – Министер за локална самоуправа на Македонија, Clive Rumbold – Шеф на Делегацијата на ЕУ во Албанија, Martin Klaucke – Шеф за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје. За присутните се презентираше и документарен филм за Програмата на ИПА за прекугранична соработка.

Потоа се организираа и три тркалезни маси во три посебни простории, врз основа на мерките на Програмата.

Прва тркалезна маса: Проекти за економски развој, со акцент на промовирање на туризмот 
 

Втора тркалезна маса: Проекти за одржлив развој на животната средина, со акцент на заштита, унапредување и менаџирање на природните извори и еко-системите  
 

 Трета тркалезна маса: Проектите за социјална кохезија и културна размена меѓу луѓето и институциите.

На крај се презентираа заклучоците од трите тркалезни маси.

Comments are closed.