СКСЗМ учествува на Саемот на кариера

24 Април 2018 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и оваа година продолжува да учествува на Саемот на Кариера кој се одржа  во просториите на ЈИЕУ.

Саемот за кариера е добра можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавци. Овој саем служи како извор на информации за можностите за пракса, вработување, стипендии и обука. Студентите, исто така, имаат можност веднаш да ги достават своите биографии на штандот на компанијата.

Најдобар начин на вработување е преку програмата за пракса. За таа цел СКСЗМ ги охрабрува сите студенти да учествуваат во оваа форма на практична настава и да ја следат практичната работа на Комората.

Драго ми е што денес  гледам многу млади луѓе кои имаат потенцијал да бидаат претприемачи. Бизнис можностите се околу нас. Првиот предизвик за вас студенти, е да ја пронајдете вистинската идеја која ги склопува вашите извори,интереси, способности и искуства со потребите на пазарот и клиентите.

На денешните времиња деловното работење изгледа како опасен чекор од многумина, но воден од идејата дека токму младите како вас, имаат потреба да ги поттикнуваат за креирање на истории за успешни бизниси, СКСЗМ го отвори  Create Hub, на која главна цел е да обезбеди можности и поддршка  на младите, жените претприемачи, жените од помалку развиените региони на  Македонија  за да го охрабраат нивното вработување и финансиска незавизност – рече претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа , кој беше специално поканет на Саемот за Кариера, во говорот  обратен кон присутните.