СКСЗМ учествува на Експокос 2019

СКСЗМ претставена од потпредседателот г.Нагиб Фејзи, е учесничка на Меѓународниот Саем Експокос, кој се одржува во Косово. Овој саем истовремено претставува најзначаен настан во Западен Балкан, во кој се вклучени секторите на градежништво, енергија, машинерија, заштита и безбедност.

Ова се претвори во важно место за бизнисите во регионот. Годинава овој настан е збогатен со бројни активности, каде што ќе има Б2Б средби, голем број меѓународни павилиони, посетени од професионалци и претприемачи од земјата и регионот.

Според стратегијата на СКСЗМ, ние го подржуваме промовирањето на претприемништвото, иноваците, конкурентноста, корпоративната општествена одговорност и регионализацијата на бизнисите и ги поздравуваме настаните од ваков вид.

Comments are closed.