СКСЗМ учествува во информативната кампања на ЕБОР за развој на мали бизниси

Презентацијата ги собра на едно место претставниците од Владата, меѓународните организации, компаниите членки на СКСЗМ, малите и средни претпријатија, финансиските институции, бизнис асоцијациите како и академскиот кадар на УЈИЕ, кои ја поддржаа новата кампања и ја разгледаа советодавната помош на ЕБОР, наменета за малите и средните претпријатија, како и нејзиното влијание.

Состанокот го отвори г. Мика Швент, Раководител на Регионална Програма при ЕБОР за развој на мали бизниси. Во текот на неговиот говор, тој ги извести присутните дека ЕБОР им овозможува на малите и средните претпријатија во Македонија, пристап до бизнис советување уште од 1998 година, со финансика поддршка на ЕБОР, Европската унија, Велика Британија, Холандија, Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ) и Португалија. Во Македонија, 220 разни компании придобиле од бизнис советувањата понудени од ЕБОР, чија продажба се зголемила дури за 70%, како и го зголемиле бројот на вработувања.

И заменик Премиерот за европски интеграции, г. Фатмир Бесими се обрати на присутните, кој ја поздрави оваа иницијатива на ЕБОР и се заложи за поддршка од Владата за ваквите проекти. Тој ја поздрави СКСЗМ за тоа пшто претставува институција која секогаш работи и се залага за развој на бизнисите и подобрување на состојбата во економскиот сектор на Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г. Мендерес Кучи во својот поздравен говор ја поздрави оваа иницијатива на ЕБОР, нагласувајќи дека СКСЗМ секогаш била, а особено сега, заедно со ЕБОР, уште повеќе се залага да влијае врз сензибилизирање на нашите бизниси и подигнување на нивната свест за постоењето на ваквите дополнителни можности.

“Како Претседател на СКСЗМ, Ве уверувам дека поддршката на нашата институција ќе ја имате во секој момент, и убеден сум дека секој предизвик кој би можеле да го имате во Вашиот бизнис, ќе може да го решиме заедно, со поддршката од професионалците избрани од оваа меѓународна институција”, го заокружи својот говор Претседателот Кучи.

Потоа г-ѓа Маја Антеска, Национален Менаџер на Програмата на ЕБОР за развој на малите бизниси, ги презентираше пред присутните можностите за добивање бизнис советувања, кои се обезбедуваат од оваа институција.

Европската Банка за реконструкција и развој ја започнува оваа информативна кампања за значајноста на бизнис советувањето и трансферот на практично знаење за малите и средните претпријатија, одржувајќи ја својата прва презентација во Тетово на 25 септември, за да продолжи во Битола на 26 септември и завршувајќи во Скопје на 30 септември 2014 година.

Кампањата ќе се фокусира на вредноста на знаењето за развој на бизнисот заради постигнување на комерцијален успех, како и постигнување на практично знаење врз субвенционирана основа од ЕБОР.

Оваа кампања се одвива истовремено во 25 земји од Југоисточна и Источна Европа, и продолжува во Северна Африка, Русија и Централна Азија.

Comments are closed.