СКСЗМ учествува во бизнис форум

Извршниот директор Дрилон Исени  го презентира пристапот на СКСЗМ на темата:  “Потикнување на економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП“, во бизнис форумот на тема: „Подобрување на соработката и интеракцијата помеѓу клучните актери во процесот на развој на економската конкурентост на Македонија“.

Овој бизнис форум има за цел да ја олесни понатамошната соработка помеѓу релевантните чинители (мали и средни претпријатија, стопански комори, јавни и образовни институции, здруженија на граѓани) за заеднички настап и учество во активности за подобрување на конкурентоста на национално ниво, на дологорочен план.

Овој бизнис форум ќе даде посебен акцент на истражувачките и развојните аспекти на процесот на развој на конкурентоста и воедно развојот на националата економија, преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП.

Темите на бизнис форумот се следни: „Создавање на услови за поттикнување на инвестиците и инвестирање во постоечките мали и средни претпријатија„; „Можности за раст и развој на мали и средни претпријатија„; “Поттикнување на економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП“.