СКСЗМ учествуваше на Меѓународниот фестивал за бизнис во Ливерпул
Делегација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, предводена од извршниот директор г-дин Арбен Халили, учествуваше на Меѓународниот фестивал за економија, кој беше организиран во Ливерпул, Англија. Целта на овој фестивал беше промовирње на разни можности за инвестирање во Англија, со посебен акцент во Ливерпул.
За време на нивниот престој во Ливерпул, претставниците на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија реализираа бројни состаноци со претставници на релевантни институции во Англија, вклучувајќи ја и Стопанската комора на Ливерпул, со која врз основа на меморандумот за соработка потпишан на претходно, се согласија во иднина да соработуваат во спроведување на конкретни проекти од заеднички интерес за двете стопански комори.
Оваа средба беше можност да се идентификуваат различните услуги кои Стопанската комора на Ливерпул ги нуди на своите членови, кои исто така може да се применат и кај нас, врз основа на потребите на нашето членство. Исто така, претставници на СКСЗМ спроведоа различни состаноци и со организаторите на фестивалот, со претставници на Стопанските комори на Англија, (British Chambers of Comerce), како и претставници на академските институции и институции кои се занимаваат со регионалните и глобалните економски политики.
На овој економски фестивал во Ливерпул, исто така учествуваше и премиерот Груевски и вицепремиерот и министерот за финансии г-дин. Зоран Ставрески, кои во улога на стратешки партнер на форумот, ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија.
Важно е да се напомене дека Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е единствената стопанската комора од Македонија, која учествуваше во меѓународниот економски фестивал Ливерпул 2014.
Comments are closed.