СКСЗМ учесник на панелот “Механизми за поддршка на младите за одржување на нивниот бизнис и создавање одржливо вработување“
Потпретседателката на СКСЗМ и исто така претставничка на Групацијата за информатички технологии г-ѓа Вљора Адеми, учествуваше на панел дискусијата на тема “Механизми за поддршка на младите за одржување на нивниот бизнис и создавање одржливо вработување“, организирана од Фондацијата Албиз.
Taa стави силен акцент на потребата од олеснување на персоналниот и корпоративниот данок и владините регулативи за подобрување на деловното опкружување, особено во ИТ секторот.
СКСЗМ и членовите на нејзините структури, секогаш достојно го претставувале бизнисот со тоа што биле активен дел од секакви иницијативи и настани што претставуваат добри можности да ги искажеме нашите ставови како комора во интерес на бизнисот и членството.