СКСЗМ успешно ја заврши Обуката за енергетска ефикасност

22.02.2024 година, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во рамки на новите услуги што започна да им ги нуди на своите членки, односно спроведување на нови мерки за енергетска ефикасност преку кои компаниите ќе ја намалат нивната потрошувачка на енергија, успешно ја реализираа обуката за Енергетска Ефикасност на ММСП.
Во денешниот модул, кој беше поврзан со претходните два модули, со обучувачи Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, компаниите членки на Kомората имаа можност поблиску да се запознаат со Водичот за енергетска ефикасност на компаниите, преку кои вработените ќе можат да спроведуваат мерки за подобрување на ефикасноста на компаниите.
Како еден од најважните предуслови за инвестирање во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, учесниците имаа можност да се запознаат со финансиските механизми и техничката поддршка достапни за компаниите. Преку презентациите, членките добија информации од прва рака од Кредитните линии на ХАЛКБАНК, за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, кредитната линија за финансирање во зелена енергија од од ГФФ Македонија намената за МСП, како и од Програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за советување на малите бизниси.
Како многу важен дел од проектот, СКСЗМ ги ангажираше и добавувачите на компаниите членки да промовираат енергетски ефикасни производи и практики низ синџирот на снабдување.
Компанијата членка на комората КНАУФ презентираше какви мерки има преземено компанијата за да најде поефикасни решенија и истовремено да ја заштити животната средина. Исто така, компанијата ги претстави нивните производи, кои значително помагаат во намалувањето на потрошувачката на енергија.
Исто така, компанијата членка ЕКО ЕНЕРГИС ги презентираше актуелните трендови во областа на обновливите извори на енергија, придобивките од истите и информации за пристапот до овие извори, вклучително и решенијата што тие ги нудат.
СКСЗМ е посветена на поддршка на членките во нивната трансформација кон енергетска ефикасност, со цел да станат поконкурентни во нивните соодветни индустрии, како и да ја подобрат нивната репутација со клиентите, инвеститорите и другите заинтересирани страни.
Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансирана од УСАИД и имплементирана од Консалтинг за Стратешки Развој.