СКСЗМ успешно го реализираше првото годишно собрание

Во ова Собрание се разговараше за оперативните прашања кои беа на дневен ред, како што се:

Одобрување на членките предложени за Управен Одбор и Собрание, Одобрување на записникот од Изборното собрание, Одобрување на наративниот и финансискиот извештај за 2022 година, Одобрување на годишниот и финансискиот план за 2023 година, шестмесечниот извештај за 2023 година, законски измени, како и разни други точки.

Претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќира во својот поздравен говор, ја истакна важноста на собранието, како највисок орган на Комората, од каде што треба да потекнува секоја иницијатива на нашата институција. Исто така, врз основа на дневниот ред, тој предложи и именување на дополнителен потпретседател, како што е неопходно за реализација на работата на СКСЗМ во овој мандат.

Извршниот директор говореше и пред претставниците на собранието, каде што ги презентираше работата и активностите на комората, спроведени во првите шест месеци од 2023 година, фокусирајќи се на новите услуги што комората почна да им ги нуди на своите членки, како што се сертификат за потекло во електронска форма, како многу важна алатка за да се заштеди на време, повикува на тендери и асистирање за учество на разни саеми.

Меѓу другите активности беше и годишната конференција која се организираше за прв пат, конференцијата на жени претприемачи, писма упатени до различни институции како и бројни изјави и реакции во институциите. Тој го претстави и финансискиот извештај, како најдобар инструмент за презентирање на транспарентност пред претставниците на собранието.

Се дебатираше и за документот што го изработи СКСЗМ, „Нов економски манифест за развој“, од кој произлегоа различни заклучоци за тоа што СКСЗМ ќе промовира, во однос на макроекономските политики во следниот среднорочен и долгорочен период.

Од почетокот на овој мандат на СКСЗМ, ова е прво собрание организирано по изборите, и собранието ги исполни сите норми предвидени со статутот за непречено одвивање на својата работа.