СКСЗМ успешно го завршува првиот модул од обуката за Eнергетска Eфикасност

08.02.2024 година, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за своите членки денеска успешно го реализираше првиот модул на обуката за „Енергетска ефикасност“.

На оваа обука, која има за цел да воспостави практики за подобрување на енергетската ефикасност на деловните субјекти, членките се запознаа со управувањето со потрошувачката на енергија, оптималното искористување на ресурсите, како и мерките и технологиите кои се достапни за зголемување на енергетската ефикасност, следејќи ги еколошките трендови во ЕУ.

Денешната обука ќе продолжи и вториот ден (15.02.2024) и третиот ден (22.02.2024), каде членките ќе имаат можност да се запознаат со намалувањето и елиминирањето на загубите на енергија и заштедата на истата.

Центарот за обука на СКСЗМ сега е активен во опслужување на компаниите со обуки на различни теми, задоволување на нивните потреби за обука и подготовка на нивниот кадар.

Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансирана од УСАИД и имплементирана од Консалтинг за Стратешки Развој.