СКСЗМ упати повик до Владата

11419967_10153092233704865_1088131362_n_526464580

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, односно нејзиното членство, е доста засегната од ова политичка и економска криза во која се наоѓаа нашата земја, поконкретно во овие последни шест месеци.

Тоа што е наше да го направиме е секако барањата и поплаките на бизнисите кои функционираат при ова Комора да ги направиме погласни и во крајна бараме: Под итно сите релавнтни фактори, да се вклучат во стабилизацијата на политичката криза во земјата, бидејќи се забележува големо негативно влијание врз економијата, а особено во домашните и странските инвестиции, Народна Банка и Министерството за Финансии внимателно да ги следат финансиските трансакции, да немаме неконтролиран одлив на пари, посебен акцент да се стави на реализацијата на проектите од патната инфраструктура, посебно на автопатот кој не поврзува со граничниот премин со Република Косово, Црна Гора и други земји, Владата да се воздржи од нереални ветувања, кој реално и не може да ги исполни, како што се покачување на плати, пензии, разни премии и субвенции и нереални вработувања, Владата не треба са се преотповарува и да се задолжува на домашен и надворешен пазар за гореспоменатите цели и заедно да се солидаризираме за едно подобро утре. 

Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Неби Хоџа, упати повик до Владата и Опозицијата заедно да придонесат за стабилизација на политичката криза, земајќи ги  предвид и препораките  на меѓународната заедница во земјата и во странство. 

Падот на економската активност е очигледен, а особено во областа на директните инвестиции, кои бележат пад од 108.63 милиони € во првиот квартал претходната година  на 69.14 милиони € во првиот квартал оваа година, со иста тенденција  да бидат пониски во вториот квартал или да продолжат со ист ритам. Вреди да се истакне, истотака,  дека директните инвестиции се на најниската ниво од 2010 година наваму, секогаш споредбено на ниво од првото тримесечје секоја година.

Трговската размена, како многу важен елемент во економијата, особено за нашата економија, означува долги одложувања. Ако ги погледнеме податоците за трговската размена ќе видиме дека има намалување на Извозот во однос на првото тримесечје од претходната година од 1,115.99 милиони САД $ на  1,025.08 милиони САД $, и  слична ситуација имаме и со увозот каде што имаме пад од  1,699.64 на 1,456.98 милиони САД $ 

Јасно е дека намалувањето на увозот е сигнал за намалена економската активност, што значи помалку увезени суровини и помалку ивезени готови производи.

СКСЗМ упати повик до Владата да се возрджи од популистички мерки, од типот на покачување на платите во јавната администрација а кои немаат стратегиски карактер на долг рок и во крајна линија се штетни за нашата држава, знаејќи ја силата и буџетските приходи кои ги генерира нашата земја. Нивно финансирање со кредити ќе го преоптовари уште повеќе пензискиот фонд, кој и така има голем вакум. 

На крај, Хоџа истакна дека сите ние ќе изразиме солидарност, имајќи предвид дека кризата во Македонија е длабока, и сите ние во овој момент нема да изразиме егоизам и ќе се воздржиме од нереални барања во овој период, додека не се нормализира политичката и економската ситуација во земјата.

Comments are closed.