СКСЗМ средба со Коалицијата „Влен“: Дискусии за економски развој и заштита на локалниот бизнис
Во склоп на средбите со политичките партии, во просториите на СКСЗМ, Претседателот Qyra пречека претставници од коалицијата „Влен“, поточно кандидатот за претседател, г-дин. Арбен Таравари, г-дин. Билал Касами, г-дин. Беким Ќоку и г-дин. Висар Ганиу.
На средбата беше претставена Платформата за економски развој на СКСЗМ, платформа која се поддржува на анализите на СКСЗМ со кои се идентификувани реалните потреби на економијата на земјата, со цел одржување и унапредување на економската перспектива на нашата земја. Како барање на претседателот Qyra беше оваа Платформа да биде вклучена во нивната политичка програма, но и спроведена од идната владина коалиција.
Исто така, Претседателот Qyra од кандидатот за претседател на државата г-дин. Арбен Таравари во рамките на надлежностите на претседателот на државата побара да не потпишува закони кои се штетни за локалниот бизнис, особено без консултација со Стопанските комори. Додека како Коалиција, од СКСЗМ се инсистираше да се преземат мерки за намалување на придонесите и зголемување на минималната плата, како превентива против миграцијата на младите од земјава, што е една од клучните точки на кои е фокусирана Комората.
Во текот на средбата го зеде зборот и извршниот директор г-дин. Дурим Зеќири, изразувајќи загриженост во врска со влијанието на нелојалната конкуренција и улогата на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која не презела никаква иницијатива за нејзино спречување. Тој додаде дека политичките партии треба да ја искористат експертизата на СКСЗМ и да се консултираат со комората за да се подобрат механизмите на креирање макроекономски политики.
Имаше и други барања од раководството на СКСЗМ, меѓу кои вклучувајќи зоната Визбегово и нејзино претворање во зона од национален интерес, инвестиции во туризмот, дигитализација итн.
Претставниците на коалицијата „Влен“ истакнаа дека Платформата за економски развој подготвена од СКСЗМ ќе биде имплементирана во нивната економска програма и дека ќе се заложат да ги исполнат барањата на СКСЗМ со цел подобрување на условите за бизнис и зголемување на животниот стандард на граѓаните.