СКСЗМ средба со Европскиот фронт: Заедничка платформа за економски развој на земјата
Денеска на 06.05.2024 година, Скопје – Во просториите на компанијата членка на СКСЗМ, Хотел Актор се одржа средба со лидерите на Европскиот Фронт, на која се разговараше за 4-годишните економски платформи на двете страни.
Овој состанок имаше за цел да ги разгледа перформансите на клучните сектори во нашата економија и да ги предложи неопходните мерки за нивно подобрување, фокусирајќи се на работната сила, зголемување на работната ефикасност, продуктивни инвестиции и подобрување на условите за водење бизнис.
Претседателот Qyra пред лидерите на коалицијата “Европски Фронт” го претстави проблемот со работната сила, инсистирајќи дека следната владина коалиција да го земе предвид предлогот на СКСЗМ за зголемување на минималната плата на 30.000 денари и намалување на придонесите на 32%, со оглед на тоа што ние сме држава со најголеми придонеси во регионот, а ваква мерка е неопходна за да се задржи работната сила во земјата.
Извршниот директор ја истакна важноста на комуникацијата меѓу релевантните актери во државата, без разлика кој ќе биде дел од идната Влада и дека особено заедничките точки од Платформите на дотичните партии мора да се третираат сериозно и да се реализираат како целина и за истиот да има конзистентност и консензус од сите страни. Помеѓу другото, тој истакна неколку клучни точки како што се носење на најдобри можности за домашните инвеститори и споредба на можностите што ги имаат странските инвеститори во РСМ, со цел да се зголемат капацитетите на бизнисите да се подготват за големиот европски пазар во случај на ЕВРО ИНТЕГРАЦИИ.
Од членките на СКСЗМ, посебен акцент беше ставен и на нерешавањето на статусот на зоната Визбегово, која како област има над 1 милијарди евра инвестиции, но бизнисмените од оваа зона работат во мизерни услови. Од страна на Фронтот ветија дека зоната Визбегoвo ќе им биде приоритет во следниот мандат и ќе се посветат на решавање на предметниот проблем.
Беше истакната и алармантната состојба во економијата, која коалицијата Европски фронт мора да ја земе предвид во наредниот период почнувајќи од највиталната, а тоа е економскиот раст и развој, факторот на човечки ресурси, зголемувањето на платите, унапредувањето на здрава конкурентност на која и претходеа пристојни и вистински услови за развој на бизнисот. Од идната Влада беше побарано прашањата кои СКСЗМ ги адресира до Владата да се стават на маса на заедничка платформа, која ќе има за цел надминување и отстранување на економските бариери во земјата.
Од Фронтот истакнаа дека ќе бидат отворени за соработка и дека нивната платформа со СКСЗМ содржи некои заеднички точки и дека ќе се заложат истите да ги преиспитуваат, а во меѓувреме тие ветија дека ќе создадат добра клима за бизнис.