СКСЗМ- Средба со делегација од Република Косово
16 Август 2016 – Денес претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, оствари средба со официјалната делегација на Република Косово, предводена од министерот за трговија и индустрија Хикмете Бајрами. Косовската делегацијата беше придружена од страна на претседателот на Стопанската комора на Косово, Сафет Герџалиу и амбасадорот на Република Косово во Скопје Илбер Хиса.
На состанокот беа разгледани различните форми на успешната досегашна економска соработка помеѓу двете земји, трговската размена, зголемување на бројот на туристи, присуството на компаниите во двете земји и други прашања од интерес за двете страни.
На средбата меѓу министерот за економија, Дритон Кучи со министерот за трговија и индустрија Хикмете Бајрами, присуствуваа и претседателите на двете стопански комори и разговараа за унапредување на економската соработка и привлекување на странски инвестиции. Тие се согласија дека наскоро ќе се организира заедничка средба со бизнисите од Македонија и Косово, со цел да се придонесе за развој на нови бизнис проекти.
Comments are closed.