СКСЗМ: Средба со бизнисите во Кичево
26 Aприл 2016 – Во рамките на Краванот на СКСЗМ, денес Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за да биде поблиску до бизнисите ги посети компаниите во Кичевскиот регион.
На овој состанок, извршниот директор Фатмир Битиќи ги презентираше активностите на Комората, вклучувајќи го финансискиот и годишниот извештај за 2015, портфолиото на услугите што ги нудиме, меѓу другото и можностите за застапување пред државните и меѓународните институции, како и артикулација на интересите и потребите на нашите членки пред владата.
Како главен проблем што го посочија компаниите од овој регион е дискриминацијата на домашните инвеститори во однос на надворешните, како и новата работна сила која што секој ден се повеќе заминува во странство.
Пред членките беа презентирани и новите публикации на Комората, правниот информатор ЈУРИС, економскиот информатор ЕCONOMICUS и информаторот за можностите за финансирање ДОБИВКА. СКСЗМ малите и средните претпријатија ги смета како генератор на економскиот развој и затоа цели кон тоа да се запознае со нивните проблеми и да ја идентификува секоја можност за подобрување на климата за бизнисите што ги претставува.
И Групацијата на Бизнис Жени при СКСЗМ, пред присутните ги презантираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, со конкретни предлози за подршка на женското претприемништво.
Наредниот состанок со бизнисите ќе продолжи на 28 Април 2016 (Четврток) во Ресторан Ројал во 11:00 часот во Гостивар.
Comments are closed.