СКСЗМ со уште повеќе услуги за бизнисите – потпиша меморандум за соработка со Агенција за Поддршка на претприемништвото на РСМ
Во духот на активноста и во служба на својата визија и мисија, СКСЗМ, имено Претседателот Менди Ќура потпиша меморандум за соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ, како важен чекор за надминување на многуте административни и бирократски бариери, со кои се соочуват бизнисите, особено во постапките за аплицирање за грантови и поддршка од институциите.
Претседателот Ќура истакна дека е повеќе од потребно да се работи на создавање на нов начин на размислување, кој има за цел да ги зближи бизнисите и институциите со цел да ја зголеми ефикасноста.
Директорот на Агенцијата г-дин. Имер Имери, изрази подготвеност за соработка со членството на СКСЗМ, истакнувајќи ја важноста од отворениот пристап на институцијата што ја застапува.
Овој меморандум предвидува меѓусебна соработка меѓу двете страни, со која може да има иницијативи во различни сфери со цел подобрување на економската клима и промовирање на претприемништвото, одржливиот економски развој и иновациите во малите и средни претпријатија.
СКСЗМ продолжува да ја проширува мрежата на своите партнери со единствена цел да ги зајакне услугите за членките, особено во период кога пристапот до финансии и ликвидност станаа предизвик.