СКСЗМ со став за Законот за финансиска поддршка на инвестициите
21 Февруари 2018 – СКСЗМ на денешната прес конференција позитивно го оцени транспарентниот пристап на Владата за донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите важен за бизнисот и за економијата во општо.
СКСЗМ ја презентираше иницијалната проценка, а нивните препораки во консултација со членовите ќе бидат испратени до Владата и ќе бидат поставени на ЕНЕР системот за регулатива. Секторот за истражување и развој на СКСЗМ спроведе компаративна анализа на слични закони во неколку земји од Западен Балкан и Европската унија, како што се Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија и Словенија.
Во однос на предлог Законот за финансиска поддршка на инвестициите, СКСЗМ ги даде следниве општи проценки:
Предлог текстот на законот се објави со видливо задоцнување, ако го земеме предвид фактот дека Владатата на Република Македонија ги имаше дефинирано столбовите за поддршка на бизнисот кои ја сочинуваат основата на законот уште од септември 2017 година.
При изготвување на предлог законот, соодветните органи треба однапред да го земат предвид фактот дека истиот може да биде во судир со одредени закони.
Врз основа на оваа динамика, донесувањето на законот во Собрание ќе ја одложи можноста за користење на овие средства од страна на бизнисите таргетирани со третиот столб, односно малите и средни претпријатија.
Од правен аспект, со регулирање на државната поддршка со подзаконски акт, создава правна несигурност кај малите и средните претпријатија со фактот дека органите на извршната власт се потполно овластени за донесувње на такви акти.
Друго важно прашање е и заштитата на конкуренцијата на пазарот. Со овој закон не се предвидени надлежностите на Комисијата за заштита на конкурентноста (разлика од другите закони кои ја регулираат областа на државната помош во земјата). Овој пристап остава простор за евентуални критики од Европската комисија поради обврските што произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоциација во врска со државната помош и заштита на конкуренцијата.
Со овој закон не се опфатени сите сектори (освен производството), кои имаат големо влијание врз создавањето на БДП во земјата, што го става во прашање вистинското влијание врз економскиот раст и развој на земјата.
Иако оваа влада има планиранo средства во буџетот во износ од 30 милиони евра за рамномерен регионален развој, чекор што СКСЗМ го поздравува, сепак тие сметаат дека ова определба треба да се рефлектира и во Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
СКСЗМ на Владата и предлага да го земе пример моделот во Хрватска каде што нивото на државната помош се определува врз основа на нивото на развој на планскиот регион, односно, ако планскиот регион има високо ниво на невработеност, во тој регион процентот на финансиската поддршка за нови работни места е повисок отколку во другите региони. Затоа, цврсто веруваме дека овој пристап значително ќе влијае на намалување на миграциите во земјата кои најчесто се насочени кон главниот град, а исто така и нашите млади ќе останат во својата земја.
Исто така, СКСЗМ нагласи дека со новиот закон не се предвидува можност за тимска помош или обука на стручен кадар за спроведување на инвестициски проекти од страна на потенцијални инвеститори.
Врз основа на она што го истакнаа, СКСЗМ на Владата и препорачува:
- Да ги вклучи микро, малите и средните претпријатија во текстот на законот;
- Во рамките на законот да се прошири листата на секторите, како што се услугите и другите сектори кои имаат голем потенцијал за локалната економија.
- Да работи паралелно со усвојувањето на законот и на потребните прописи за спроведување на истиот;
- Да се координираат подобро со другите надлежни органи за државна помош и да се отстранат потенцијалните судири со другите закони;
- Да се обезбедат конкретни мерки за компаниите кои доаѓаат од рурални средини;
- Да се предвидат можности и за подршка на компаниите за тимска помош или обука на стручен кадар;
- Да се обезбедат одредби за отстранување на човекиот фактор во постапката за доделување на финансиска помош.