СКСЗМ со предлог мерки за надминување на енергетската криза
25.08.2022, Скопје – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија како институција чија мисија е да ги штити интересите на бизнисите, во овој период на последователни кризи е во постојана комуникација со своето членство со цел изнаоѓање на најефикасни решенија за надминување на тешкотиите со кои се соочуваат.
На денешниот состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог, во фокусот на дискусијата беше состојбата создадена од драстичното поскапување на цената на електричната енергија, што значително влијае врз зголемувањето на оперативните трошоци на компаниите и ја отежнува нивната работа. СКСЗМ во соработка со своите членки направи суштинска анализа на овој проблем и излезе со низа мерки и предлози за ублажување на кризата, кои беа презентирани и испратени до надлежните институции. Според истражувањето на СКСЗМ, за поголемиот дел од компаниите, односно 65% од членството, кои веќе имаат енергетски ефикасна инфраструктура, трошоците за електрична енергија се зголемени од 2 на 6 пати.
Апелот на СКСЗМ беше Владата итно да преземе мерки за енергетската криза, бидејќи овој проблем го доведува во прашање самото постоење и опстанок на бизнисите на пазарот.